Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦИК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало од пат и завршило во реката Треска, во близина на езерото Матка.
-Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви, велат од ЦУК.
По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбедно вршење увид од страна на полициските екипи.
-Од СВР при МВР информираат дека возилото е извлечено од реката и дека е извршен увид на лице место. Според досегашните информации, во настанот нема повредени лица, а сите инволвирани се здрави, контактибилни и вон животна опасност, додаваат од ЦУК.