Ако има второ полувреме од играта од 2001 година, Албанците нема да изгубат, вели потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми во најновата, шовинистичка и крајно ретроградна изјава, за која во светот се оди во затвор (ОЈО јави се).
Во емисијата Дијалог те Лајми, Адеми тој си измисли наратив и рече дека наводно некои македонски аналитичари и политичари отворено зборувале за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година, односно одмазда кон Албанците. Такви, проверено, нема во македонската јавност и по македонските медиуми…
Тој ВО ПРАЗНАТА И ЕВТИНА РЕТОРИКА е уверен дека оваа битка не може да ја добијат оние што се обидуваат да ги маргинализираат Албанците, бидејќи Македонија денес е поинаква од пред 2001 година.
– Македонија во 2024-2025 е сосема различна и ова не е истата земја како пред војната, заклучи Адеми, кој е целосно во право – ОВА НЕ Е МАКЕДОНИЈА ОД 2001-ТА, ЗА НЕГОВА ЖАЛ…