Македонија сдс/дуи криминални шеми

Ангелевска: Криминалните шеми на СДС и ДУИ беа цунами во областа на енергетиката

На денешната трибина “Криминалите во РЕК Битола и нивните последици” свое обраќање имаше и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска , која зборуваше за тема што ги засега сите граѓани, тема којашто е една од по чувствителните и по контроверзните а тоа се криминалите во РЕК Битола, кои испливале на површина поради криминалното и корупциското владеење на СДС во енергетскиот сектор, а за кои е сведок и македонската јавност.

Ангелевска: Криминалните шеми на СДС и ДУИ беа цунами во областа на енергетиката

На денешната трибина “Криминалите во РЕК Битола и нивните последици” свое обраќање имаше и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска, која зборуваше за тема што ги засега сите граѓани, тема којашто е една од по чувствителните и по контроверзните а тоа се криминалите во РЕК Битола, кои испливале на површина поради криминалното и корупциското владеење на СДС во енергетскиот сектор, а за кои е сведок и македонската јавност.

-Зошто дошло до тоа прво и основно нестручно несовесно работење менаџирање и буквално јас многу често на говорница во собрание кажував оваа влада на СДС и ДУИ беше цунами во енергетиката вакво безмилосно раководење незнаење ,некогаш дури се прашував дали тоа го прават од незнаење или го прават и намерно ,а можеби има и намера, изјави Ангелевска.

Пратеничката даде свое видување за производствената струја и како таа влијае врз целокупната економија во државата со оглед на несовесното владеење на СДС и ДУИ додека биле на власт и целиот хаос којшто го оставиле со нивните криминални шеми.

-Така да сето тоа влијаело на производната цена, еден куп вработени коишто беа околу 1000 ми се чини нека ме поправи, стручни луѓе кои години работеа во комбинатот беа деградирани префрлани на пониски места беа носени нови кадри кои не соодвестуваа според потребите на работното место, рече Ангелевска.

Исто така таа се осврна и на коруптивните скандали кои ги направиле СДС и ДУИ додека биле на власт и направи компарација за тоа во каква состојба е наследен ЕСМ а во каква состојба е доведен, односно дека нивните “експертски вештини“ го ставиле само во долгови и загуба.

-Двете фирми што се пријавија на јавниот тендер, едната беше формирана два дена пред јавниот повик, другата во текот на јавниот повик ,фирми на кои не им се знае ни седиште ни адреса ни телефон ,фирми оформени за да се испумпуваат пари од АД ЕСМ. Сега да споменеме како го презедоа пред 7 години, го презедоа претпријатието со над 20 милиони евра добивка, и многу важно да се каже платени сите средства кон добавувачите, значи нула обврски и успеаја да го доведат до 80 милиони евра загуба, вели Ангелевска.

Најнови вести од Македонија

To top