Македонија естрадата тагува

Aнегдота која го кине срцето: Спасен објави приватно видео со Андреј – „Братко Спасен, чувај ми масичка, ќе дојдам…“ (ВИДЕО)

Андреј Ѓоргиески, пејач и една половина од ар ен би дуото ДНК за жал го загуби животот во пожарот кој се случи на таа кобна ноќ во Кочани, откако им подлегнал на повредите здобиени во пламената стихија.

Aнегдота која го кине срцето: Спасен објави приватно видео со Андреј – „Братко Спасен, чувај ми масичка, ќе дојдам…“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач, Спасен Силјановски на својот профил сподели едно приватно видео каде е заедно со Андрај, спомен кој сега во овие тешки денови го сподели заедно со една нивна анегдота и колку тоа Андреј не ги делел колегите на фолкери и забавњаци. Посакал дури и да ја запее „Ако утре ме нема“ која денес и тоа како боли!

-Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувајми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој, пишува покрај видеото Спасен Силјановски.

To top