Само 16 години и пет светски титули! Анди Исмаили од Гостивар уште еднаш ја покажа својата извонредна вештина и страст, освојувајќи златен медал на Светското првенство во Киелце, Полска.
Меѓу 72 танчери од целиот свет, Анди доминираше во категоријата „Импровизации во уметнички настап“ (Performing Arts Improvisation), носејќи ја престижната титула – светски
Но, тука не застана! Покрај златото, младиот талент освои и сребрен медал во категоријата „Модерен балет соло за момчиња јуниори“, докажувајќи дека е вистински уметник со повеќеслоен талент.
Анди е горд член на танцовото студио „Брејк а лег“ (Break a Leg) од Скопје, каде што под водство на својата менторка Андријана Петковски и инспиративната кореографка Карол Ментол од Полска, ги создава своите маестрални изведби.
Овој историски успех уште еднаш покажува дека со труд, талент и посветеност, соништата можат да станат реалност.
Видеото од победничкиот танц може да го погледнете ТУКА.