„Има доста да се зборува за Комисијата за информатичка технологија којашто ја водам, има околу 10 членови и постојано сме во тек со времето, гледаме да ги пратиме ситуациите коишто се случуваат конкретно во државата, ги следиме и технологиите, самите комисии се моторот на партијата каде што носат нови идеи, предлози, формирањето на самата програма, дефинитивно има многу што можеме да кажеме“, прецизираше во своето излагање претседателот на Комисија за информатичка технологија при Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Анастасовски на вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува – Унија на млади сили“.
Анастасовски ја опфати темата информатичка технологија, говореше за нејзиниот напредок, колку е важна за општеството и колку е во центарот на младите генерации.
Тој објасни дека во самата Комисија била одржана работилница на тема Вовед во програмирањето и доста млади имале можност да присуствуваат.
„Имаме многу активности каде што членовите на комисијата се вклучени. Дополнително се има случувано членови кои не беа во нашата комисија, да ги повикуваме на нашите настани што ги организираме. Конкретен пример можам да кажам за еден од настаните каде што имавме направено работилница за Вовед во програмирање. Јас бев еден од предавачите, имавме убава работилница, доста членови присуствуваа, имаа интерес да влезат во самата комисија и да ни помогнат во нашето работење. Од активности може да напоменам дека како што спомнав, пробуваме да помогнеме и учествуваме во делот на организирање или помагање на креирање на сите настани што ги имаат структурите на партијата, покрај тоа присутни сме на многу од семинарите, академии, значи секаде сме активни“ , објасни Анастасовски.
Анастасовски ги поздрави заложбите на претседателот на ИКТ Комора, Орце Симов, како и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Тој истакна дека министерството успеало да започне и да заврши многу проекти, додавајќи дека најголем фокус бил насочен кон дигитализација на услуги, со цел олеснување на граѓаните да имаат брза и ефикасна услуга.
„Можам да ги пофалам и да ги поздравам претседателот на ИКТ Комора, Орце Симов, како и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, каде што изминатиов период имавме одлична соработка, имавме конструктивни дебати, разговаравме за многу идеи коишто им се потребни на младите. Некои од проектите кои би ги издвоил се дигитални номади за странски државјани, фриленс пакети, но главното за што сите се согласивме е дека периодов сме насочени кон дигитализација на услуги, затоа што тука бевме многу поназад од сите останати земји во регионот па и во светот“, заклучува Анастасовски.