Македонија одрон на пат

АМСМ: Голем одрон затрупа коловозна лента на патот Маврови Анови – Дебар

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.

АМСМ: Голем одрон затрупа коловозна лента на патот Маврови Анови – Дебар

Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента се до расчистување на одронот.

Во пладневниот извештај, АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвивa, по влажни коловози.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Најнови вести од Македонија

To top