На 04.04.2024 во 22:45 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници ги привеле М.З.(46) и А.Х.(37), двајцата од Република Албанија, затоа што при гранични проверки и контрола било констатирано дека имале непријавен и пречекорен престој во државата.
Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.