-Предизвиците со кои се соочува Македонија денеска се далеку по комплексни од „про“ ова или „про“ тоа. Не станува збор за единствен избор, има многу прашања за кои верувам дека граѓаните на оваа држава бараат да слушнат решенија и да видат акција. Интересниот дел на ова е дека имаме избори и во САД исто така годинава како што знаете, дека секогаш ќе има кандидати кои ќе работат да создадат по хаотична средина, кои не ги адресираат вистинските прашања, вели Агелер.
Но, додава амбасадорката, многу важно е најпрво, гласачите дали во Македонија или во САД да се едуцираат, да бидат свесни за тоа кои се различните гледишта на политичките партии, да размислат за нив, да бидат свесни за дезинформациите и лажните вести, а потоа да го погледнат изборот кој е пред нив и да побараат од кандидатите визија за иднината на оваа држава.
-Бидејќи јас навистина верувам дека Македонија е во клучен момент и дека изборите кои доаѓаат, активностите, напредокот за реформите кој ќе се одвива во следната година или неколку години ќе биде клучно за иднината на оваа земја. Ова е земја која има толку многу ресурси, пред се, тоа се младите луѓе, граѓаните кои се најголем ресурс на оваа земја, но исто така природни и културни ресурси и важно е да се потсетиме дека најпрво, Македонија е во Европа, ова е европска земја и со право припаѓа во Европа. Затоа, движејќи се кон целосна евроинтеграција во евроатлантската структура е од клучна важност. Повторно, тоа што е многу важно, не само за граѓаните да се едуцираат самите себеси, но можеби уште поважно, е откако ќе го направат тоа, тие мораат да гласаат, посочува Агелер.
Таа нагласи дека луѓето мора да излезат и да гласаат.
-Знаете, тажно е бидејќи слушнав голем број на луѓе кои велат „смачено ми е од политика, смачено ми е да слушам политичари, затоа нема да учествувам“. Но, од клучна важност е во демократија, ние како граѓани да го сфатиме тоа многу сериозно и да бараме од нашите кандидати која е нивната визија за нашата иднина, да видиме кои се нашите цели за нашите семејства, за нашата заедница, за оваа земја. И потоа од клучна важност е на 8 мај да излезат и да гласаат, затоа што важно е тие да ги изберат кандидатите кои тие сметаат дека ќе ги однесат кон најсветлата иднина за оваа земја, подвлекува амбасадорката на САД.