Блерим Рамадани кој избега од куќен притвор се наоѓа во Косово и ова го знаат македонските власти. Рамадани нема да биде вратен на Македонија, изјави неговиот адвокат во Приштина, пренесе ТВ24.
Тој вели дека Србија ги третира војниците на ОВК како терористи.
Адвокатот е убеден дека дури и да се одржи судењето на Косово, Блерим ќе биде прогласен за невин.
Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија. Тој избега од куќен притвор од домот на роднини во земјава.