Македонија судство без кредибилитет и морал

Адеми: Ако некој дел од општеството нема морал, кредибилитет да зборува, тоа се судиите

Ако некој дел од општеството нема морал, кредибилитет да зборува, тоа се судиите, вели во едено свое гостување на поткаст универзитетскиот професор Висар Адеми.

Адеми: Ако некој дел од општеството нема морал, кредибилитет да зборува, тоа се судиите

-Ако тие одлучиле како суд кој е новинар или кој не е новинар, вие треба да формирате одбор и да одлучите кој е судија, а кој е квалификуван да не може да биде судија. Да возвратите со иста карта. Вие на пример, кога ќе направат ваков тип на одбор, оваа госпоѓа што ја донесе оваа одлука, е добро да не ја квалификуваш за судија. Ако има некој дел од општеството што нема морал, нема кредибилитет да зборува, тие се судиите што ја уништија оваа земја, а ниту јас ниту вие не го кажуваме ова, се кажува во Извештајот на Прибе, на Европската Комисија, го кажува граѓанинот и тоа дека тој што краде ќебапи завршува во затвор, а овој другиот што украл милиони станува министер или се ослободува од одговорност. Вие треба да го создадете вашиот одборот и да креирате досиа за судиите. Не можеш да станеш судија, не можеш да станеш обвинител, не можеш затоа што немаш морал, немаш кредибилитет. Моралот и кредибилитетот мора да ги утврдат оние кои немале никаква одговорност и за кои нема докази за злоупотреба на ова општество. Тие дадоа докази и мора да им возвратите во ист начин: Сè што ќе кажете за нас, ние ќе го направиме за вас, вели во интервјуто професорот професорот.

To top