Утре, 26-ти февруари 2026-та година во 12 часот на Филолошкиот факулете „Блаже Конески“ во Скопје ќе се оддржи Свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески.
Поздравна реч и пригодни обраќања ќе одржат деканот проф. д-р Владимир Мартиновски и проф. д-р Искра Панова Димкова, раководител на Катедрата за македонски јазик, а пригодни обраќања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандов и проф. д-р Јованка Кепеска.
