Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова има повеќе од двојно водство пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, на 40% обработени гласачки места, дознава КУРИР.
Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,29% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 20,88%.
Зад нив е Бујар Османи со освоени 10,90% од обработените гласачки ливчиња.
Максим Димитриевски 8,37%, Арбен Таравари освоил 7,37% од изброените гласови.
Од овие изброени гласови, за Билјана Ванковска се изјасниле 4,73%, а за Јакимовски 1,07%.
Неважечки се 2,40%.