15та ораторска вечер „Петар Поп Арсов“ во организација на УМС Велес, оваа година на тема „Љубовта кон Македонија – Патоказ за напредок“! Објави на Фејсбук претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.
Љубовта кон татковината е најсилната сила што ги поврзува генерациите и ја движи нашата земја напред. Преку зборот, младите покажаа дека патриотизмот не е минато, туку живо чувство што се изразува преку дела, визија и посветеност кон Македонија. Одлични говори, инспиративни пораки и силна енергија на сцена! Петнаесет години континуитет, инспирација и вистинска посветеност на младите од УМС Велес – традиција што вреди да продолжи! Честитки за победникот на оваа јубилејна ораторска вечер – Ангела Андоновска од УМС ТЕТОВО! Секако, честитки и за сите учесници кои преку своите говори ја потврдија вистинската љубов кон татковината. Љубовта кон Македонија останува нашиот најсигурен патоказ за напредок! Истакна Попов.