Македонија еден од основоположниците на современата македонска литература

115 години од раѓањето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин

Познат е по својата поезија и е еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

115 години од раѓањето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин

На денешен ден, 22 декември 1908 година, пред 115 години во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер.

Познат е по својата поезија и е еден од основоположниците на современата македонска книжевност и литература.

Неговата стихозбирка „Бели Мугри“ која е издадена во Загреб во 1939 година, претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија.

Истата е најпреведувана македонска стихозбирка и издадена на сите светски јазици и на јазиците во многу други земји.

Велешките ученици во сите години наназад сè уште напамет ја учат целата стихозбурка „Бели Мугри“ а некои од најпознатите песни како „Денови“ „Ленка“ „Тутуноберачите“ и „Копачите“ во наставата по македонски јазик ги учат напамет и анализираат нивните социјално – револуционерни пораки и сите основци и средношколци во земјава.

Загинал во несреќен и неразјаснет случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.

To top