Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
„За само 14 месеци над 11 милијарди денари за земјоделците во вид на финансиска поддршка, субвенции и директни плаќања.
Она што беше заборавено од СДС изминатите 7 години, ВМРО-ДПМНЕ го направи за само година дена.
Рекорден откуп за смедеревка и вранец за лозарите, одгледувачите на јаболки добија 100 милиони денари субвенции, тутунарите добија 500 денари за килограм тутун, финансиска поддршка за здруженија за промоција на настани и саеми за македонските производи, како и влог во научно-образовни институции.
Влогот во земјоделството, се исплати. Имаме зголемен раст на извозот за 5% во првиот квартал и раст во делот на откупот и продажба на земјоделските производи во првиот квартал од 2025 во споредба со 2024година, а споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст.
Започна и кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“. Кампањата „Македонско Најдобро“ има за цел да се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини, да се подигне свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите, како и да се обезбеди полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи.
Земјоделството е клучна гранка за Македонија. Поставени се темелите за квалитетно и здраво земјоделство.“