Македонија 89,5 денари не СЕ РЕКОРДНИ 107,5 денари пред 4 години

107,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР ДИЗЕЛ ВО 2022-та: СДС рекордерите во цени на горива бараат „Владата итно да ги намали цените“?!

Денеска, цената на дизелот е 85.5 денари, на бензинот е 79.5. Имаме меѓу најниските цени во регионот и Европа, во време кога целиот свет е потресен од војната во Иран.

За споредба, кога СДС беше на власт, немаше војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ стигна до неевројатни 107.5 ДЕНАРИ, А бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари, БС-98 цели 112 денари.

107,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР ДИЗЕЛ ВО 2022-та: СДС рекордерите во цени на горива бараат „Владата итно да ги намали цените“?!

СДС повторно играат на картата дека македонскиот народ има меморија на златна рипка. 3 секунди и толку. За нивна жал, дека не е така македонските граѓани покажаа на последните 4 избори, а ќе покажат и на следните.

Не дека сознанието ќе ги спречи пи-арџиите со бели носиња од иљачот на Шмрчко да не прават нови глупоштии и да не продаваат демагогии.

Така и денеска, северните популисти побараа, ни помалку ни повеќе, владата веднаш да ги намали цените на горивата.

Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро. (тие дечки, не ОНИ)
Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат.
Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи,“ срочија мизерните популистички демагози од Бихаќка.

Денеска, цената на дизелот е 85.5 денари, на бензинот е 79.5. Имаме меѓу најниските цени во регионот и Европа, во време кога целиот свет е потресен од војната во Иран.

За споредба, кога СДС беше на власт, немаше војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ стигна до неевројатни 107.5 ДЕНАРИ, А бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари, БС-98 цели 112 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29. 839 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43. 050 денари, сега е над 45.000 денари.

Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари, во 2026-та изнесува 24.379,00 денари.

Чуму тогаш, пред цели 4 години со понизок стандард, минимална и просечна плата помала (сега пандан на тогашната цена би биле над 150 денари за литар дизел според промените во просечната и минималната плата) владата на СДС не ги намали цените за своите граѓани, туку забега и не’ убедуваше дека корона било и не мора толку да возиме?

Среде корона, во која последни во свет добивме вакцини и бевме рекордери по смртност? Во исто време кога Филипче и другарчето Заев се возикаа со БМВ К1600 моторите од 30 и кусур илјади евра?

Рекордните цени на СДС се од 6 јуни 2022 година.

И не, немаме меморија на златна рипка, вие ја имате истата…

 

 

Plusinfo.mk

Најнови вести од Македонија

To top