Култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“

Жарко Спасовски е нов в.д. директор на Велешкиот театар

Во изминатите четири години функцијата директор на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја извршуваше драматургот Сашо Димоски.

Жарко Спасовски е нов в.д. директор на Велешкиот театар

Актерот Жарко Спасовски е нов в.д. директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес. Тој вчера е именуван од министерот за култура и туризам Зоран Љутков со шестмесечен мандат.

Во изминатите четири години функцијата директор на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја извршуваше драматургот Сашо Димоски.

Жарко Спасовски дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје, во 2013 година, во класата на професор Владимир Милчин. Професионалниот ангажман токму во Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ му почнува истата година, веднаш по дипломирањето.

Спасовски досега играл во околу 40 претстави во матичниот театар, а има ангажмани и во други македонски театри во земјава.

To top