Култура еднодневна

Цветин со изложба за Светскиот ден на здравјето

На изложбата ќе настапат и поетите Павле Стојановски, Љубица Бунтеска, Драгица Пандиловска и оперската певица Серафина Фантаузо со „А соле миа“.

Цветин со изложба за Светскиот ден на здравјето

Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин, по повод Светскиот ден на здравјето 7-ми април, организира еднодневна изложба во здравствениот дом „Железничар“.

Цветин ќе изложи 33 слики Цвеќе на мирот работени во маслена техника акрил на хамер. Исто така, во текот на изложбата, сите здравствени работници од Домот „Железничар“ ќе ја потпишат Декларацијата за мир и против сите војни во светот.

„Мои изложби и слики се наоѓаат во Центарот за здравје на детето во Варшава (Полска); во Клиниката за неврологија при Медицинскиот факултет (1994); Факултетот за медицински сестри во Битола;

Детската клиника при Клиничкиот центар; Институт за трансфузиона медицина; Институт за јавно здравје; Гинеколошка болница „Мајка Тереза“- Чаир; Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар, како и кај многу медицински сестри и здравствени работници на настани“, вели Поповси – Цветин.

На изложбата ќе настапат и поетите Павле Стојановски, Љубица Бунтеска, Драгица Пандиловска и оперската певица Серафина Фантаузо со „А соле миа“.

Живко Поповски – Цветин повеќе од четири децении ја шири мисијата Цвеќе на мирот со основна порака „на светот му се потребни мир, храна, солидарност, љубов.

Досега има подарено околу 70.000 слики на познати државници, политичари, музичари, поети, студенти, ученици, артисти, спортисти, нобеловци, на хуманитарни здруженија и организации. Организирал повеќе од 300 изложби во земјата и странство. Поповски беше кандидат за Нобеловата награда за мир.

Најнови вести од Култура

To top