Култура Културата треба да биде одраз на општеството и државата

Стојкова Серафимовска: СДСМ културата ја претвори во алатка за поткусурување, 7 години нема имплементација на националната стратегија за култура

„Страшно е што се случува во културното наследство имаме состојба на посебен Закон за Старата скопска чаршија и таму имаме рушење на култни објекти во кој Владата се изјаснува дека тоа се непознати сторители“, вели Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска: СДСМ културата ја претвори во алатка за поткусурување, 7 години нема имплементација на националната стратегија за култура

„Културата треба да биде одраз на општеството и државата, таа треба да ја рефлектира државата и општеството и да биде независна. СДСМ културата ја направи алатка за поткусурување. Каде потфрли? Потфрли во тоа што ние 7 години немаме квалитетна и имплементативна национална стратегија за културата, се донесе еден документ во 2018-та но тоа не беше стратегија туку тоа беше памфлет далеку од стратегија. Сега година дена касни другата стратегија за национална стратегија и немаат компас“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.

Таа додаде дека нема капитална театарска претстава, музичко сценско дело, опера или балет, капитален проект во културата, ниту пак капитална инвестиција во културата.

„Кога нема национална стратегија институциите не знаат што да прават тие импровизираат, немаат насока и немаат план на работа. СДСМ дојдоа со памфлет програма, се беше апстрактно „ќе“ на крајот на краиштата тие се ќе Влада, културното наследство девастирано, културните институции девастирани, директорите кој од кој по криминоген. Што се случува со агенција за филм? една година се збори дека тој директор е криминоген и не го разрешуваат. Тој директор и покрај што има неколку пријави сеуште располага со многу пари“, рече Стојкова Серафимовска.

Таа истакна дека Владата на СДСМ и ДУИ е импровизација која е на стаклени нозе.

„Страшно е што се случува во културното наследство имаме состојба на посебен Закон за Старата скопска чаршија и таму имаме рушење на култни објекти во кој Владата се изјаснува дека тоа се непознати сторители“, вели Стојкова Серафимовска.

Најнови вести од Култура

To top