Слушачка промоција на албумот ЈОРУКЛУК на Елена Баклава (Елена Христова) ќе се одржи вечер во Скопје во Бифе Тафталиџе со почеток во 20:30 часот на која ќе бидат презентирани и ЦД и винил изданието.
На настанот премиерно ќе биде пуштен и видео запис за песната која го отвора албумот.
-Елена Христова која е позната како фронтмен на групата Баклава, го промовира својот прв комплетно авторски албум наречен Јоруклук. Тој е инспириран од нејзините долгогодишни антрополошки истражувања на Јуруците од Македонија. На промоцијата, Елена за првпат ќе ја раскаже приказната за неговото создавање, најавуваат организаторите.