Култура археолошки поставки

Штипскиот Музеј утре ги отвара вратите за посетителите, одбележувајќи го Светскиот ден на кулутурното наследство

Денеска имаме една група некаде околу 20 деца од Битола, потоа во наредните денови има најава, знаеме дека мај месец е месец кога се посетуваат завршни години, крај на школската година, и во ек се сите тие екскурзии, така да има најава за повеќе посети на Музејот во Штип, рече Штерјов.

Штипскиот Музеј утре ги отвара вратите за посетителите, одбележувајќи го Светскиот ден на кулутурното наследство

По повод утрешниот ден 18 април Светскиот ден на кулутурното наследство, Заводот за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град Штип утре ќе има бесплатен влез за посетителите во музејот и локалитет Баргала. Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов денеска изјави дека утре може да се посетат повеќе археолошки поставки кои се во рамки на штипскиот Музеј, а отворен ќе биде и Музејот во штипско Ново Село.

-Ги повикувам сите заинтересирани, сите заеднички да го прославиме овој ден, и на светско ниво исто така овој ден се прославува на сите локалитети. Повеќето знаат дека Завод и Музеј Штип располага со неколку поставки, значи тука се наоѓа етнолошата, историската, и археолошката поставка. Во Ново Село се наоѓа музејот на револуционерната борба, тврдината „Исар“ може да се посети и галеријата „Безистен“ каде што во моментот имаме една изложба. И се разбира археолошкиот локалитет којшто повеќето веќе сме кажале дека се наоѓа во нова кондиција, осветлено, ограден, така да веќе можеме да кажеме дека како институција навистина се грижиме за културното наследство. Така да сите овие работи можат да се посетат утре бесплатно, вели Штерјов

Во наредниот период следуваат повеќе најавени посети. Исто така за денес има закажно група од 20 дечиња која доаѓа на посета од Битола.

-Денеска имаме една група некаде околу 20 деца од Битола, потоа во наредните денови има најава, знаеме дека мај месец е месец кога се посетуваат завршни години, крај на школската година, и во ек се сите тие екскурзии, така да има најава за повеќе посети на Музејот во Штип, рече Штерјов.

Националниот комитет ИКОМОС Македонија е еден од 110-те национални комитети од исто толку земји во светот, членки на Меѓународниот совет за споменици и локалитети.

To top