Култура Историја на градежништво

Промовирана книгата „Паланечкиот неимар во мене” од Стојо Милковски

а околу 250 страници авторот обработува различни фази на градежните зафати и административни циклуси поврзани со нив, нудејќи јасна слика за начинот на функционирање на тогашните практики, рече Величковски.

Промовирана книгата „Паланечкиот неимар во мене” од Стојо Милковски

Во Крива Паланка синоќа беше промовирана книгата „Паланечкиот неимар во мене“ – Историја на градежништвото во и од Крива Паланка преку професионалниот пат на дги. Стојо Милковски, во издание на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка.

Книгата беше промовирана постхумно, во присуство на неколку стотици граѓани на Крива Паланка, родниот град на Милковски кој пет децении градежничка работа остави неизбришлива трага во областа на неимарството во како професионалец градежен инженер, раководител, неимар , што прераснува во градителски гигант достоен за почит, бидејќи неговата градителска работа станува позната насекаде, од родната Крива Паланка, Скопје, Виена, Багдад, Белград, Европа и светот.

Само во Крива Паланка под негово раководство во АД „Пелагонија” изградени се 24 згради со 160 станови, бил одговорен инженер за изградба на над 64 000 м2 индустриски погони во Крива Паланка, значајни хотели и угостителски објекти: Хотел „Турист“, хотел „Македонија”, „Ловачки”, здравствениот дом, управни згради на суд, царина, на рудниците Тораница и Бентомак, НУ Центар за култура Крива Паланка,километри и километри улици во Крива Паланка и кон руралните средини, но како главен инженер под негово водство успешно се реализирани значајни капитални објекти низ цела поранешна Југославија и пошироко.

За книгата говореше директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, Драган Величковски, кој истакна дека „Паланечкиот неимар во мене“ е книга заснована на личните искуства и професионална пракса во областа на градежништвото, поткрепени со факти и документи од повеќе децениската кариера на Милковски.

-Подготвувана повеќе од четири години, книгата претставува систематизиран преглед на процесите и предизвиците на градежниот сектор во Македонија во крајот на 20 и почетокот на 21 век. На околу 250 страници авторот обработува различни фази на градежните зафати и административни циклуси поврзани со нив, нудејќи јасна слика за начинот на функционирање на тогашните практики, рече Величковски.

Книгата, истакна, може да се користи како материјал за натамошно истражување, стручен осврт на инженерската заедница, но и како документ со историска вредност за развојот на градежништвото во Македонија.

Градски Музеј Крива Паланка

Во богатата кариера Стојо Милковски бил и директор на проектот за изградба на железницата, пругата Македонија – Бугарија, делница од Псача до Деве Баир. Бил активен и по пензионирањето, работејќи на проектот за реконструкција на македонските затвори и казнено поправни домови. Настанот вклучи и панел-дискусија – „Паланечкиот неимар во мене“: градежништвото раскажано низ искуства, пријателства и предизвици, на која говореа: диа. Стевче Ристовски, дги Милчо Протуѓер и Перо Милковски,градежник и брат на Стојо Милковски. Присутните имаа можност и да го проследат документарниот видео-приказ за животот и делото на Стојо Милковски: Омаж – „Човекот зад градбите“.

To top