Култура мкц

Промоција на стихозбирката „Едно и пол патување“ од Мањола Наси

Книгата ќе ја промовира Јулијана Величковска.

Промоција на стихозбирката „Едно и пол патување“ од Мањола Наси

Во Скопје денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Едно и пол патување“ од современата албанска поетеса Мањола Наси. Книгата ќе ја промовира Јулијана Величковска.

Преводот од албански е на Моника Митрева, а изданието е објавено во едицијата „Гравири“ на ПНВ Публикации, со поддршка од Националниот центар за книга и читање, Албанија.

Мањола Наси (1982) е албанска поетеса и преведувачка од Тирана, добитничка на наградата „Кристал Виленица“ во 2019 година во Словенија. Била стипендистка на програмата за истакнати истражувачи „Фулбрајт“, докторирала книжевност на Универзитетот во Тирана, каде што и предава од 2008 година. Во 2000 година ја доби Националната награда за поезија од Министерството за образование на Албанија. Авторка е на стихозбирките „Сонет на есента“ (2002) и „Едно и пол патување“(2018), за која ја освои наградата за најдобра поетска збирка за 2018 година од платформата „Букинист“.

Учествувала на многу книжевни настани, фестивали и резиденции, а гостуваше и на „Поетска ноќ во Велестово“ во 2022 година. Освен на албански јазик, избори од нејзините песни се објавени во антологии и литературни списанија на англиски, на италијански, на словенечки, на грчки, на македонски, на српски и на други јазици. Превела низа значајни автори од англиски на албански јазик, а превела и дела од албански автори на англиски јазик.

To top