Култура Град на културата 2024

Промоција на кривопаланечки драми од Страхил Алексиќ

Делото „Најефтината свадба“ досега не е драматизирано и не е познато на јавноста.

Промоција на кривопаланечки драми од Страхил Алексиќ

Во НУ Центар за култура Крива Паланка, на 19 март (петок), со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на кривопаланечките драми „Ожењи се Санде калајџија“ и „Најефтината свадба“, чиј автор е Страхил Алексиќ.

Драмските дела се инспирирани од вистинси настани кои се дел од кривопаланечката историја и традиција, а Алексиќ ги има напишано пред 30-тина години.

Драмата „Ожењи се Санде калајџија“ за првпат е поставена и изведена во 90-тите години под раководство на проф. Марица Николовска, а пред повеќе години беше реобновена и претставена пред кривопаланечката публика од Драмското студио при НУ Центар за култура, во режија на Глигор Цветковски. Во 2018 година, пак, е изведена од ученици од СОУ „Ѓорче Петров“, под раководство на проф. Катерина Наковска Митовска, што јасно говори за интересот кај познавачите на драмското творештво, младите актерски таленти и кривопаланечката јавност.

Делото „Најефтината свадба“ досега не е драматизирано и не е познато на јавноста.

Страхил Алексиќ е првиот и засега единствен автор од Крива Паланка кој напишал драмски дела што сведочат за кривопаланчките настани од минатото, со што се потврдува нивната неизмерна вредност.

Издавач на кривопаланечките драми на Алексиќ е НУ Центар за култура од Крива Паланка, рецензент е Емилија Колевска, а подготовката на делата и промоцијата се реализираат во соработка со ЛУ Градски музеј и Општина Крива Паланка.

Настанот е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

To top