Култура следна изведба во скопје на 11 март

Претставата „Добри луѓе“ во Велес

Во велешкиот театар вечер во 20 часот ќе се одигра претстaвата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“.

Претставата „Добри луѓе“ во Велес

– „Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири, пишува во соопштението на „Златен Елец“.

Претставата е дуодрама, работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од „The relation work project“ (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај.

Играат младите актери од Велес – Тијана Трајчевска и Филип Христовски, музиката е на Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, фотографиите се на Данчо Стефков, а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски.

Следната изведба на оваа претстава е најавена за на 11 март во театар „Комедија“ во Скопје.

Поврзани теми

To top