Култура драмската класика

Премиера на „Галеб“ од А.П. Чехов во Театар „Јордан Х. К. Џинот“ – Велес

Претставата ќе донесе ново театарско доживување на класичниот текст, актуелизирајќи ги темите кои и денес длабоко нè засегаат: несфатената уметност, личниот неуспех, изгубената љубов и вечната борба меѓу генерации и вредности.

Премиера на „Галеб“ од А.П. Чехов во Театар „Јордан Х. К. Џинот“ – Велес

Театарот „Јордан Х. К. Џинот“ – Велес со гордост ја најавува премиерата на драмската класика „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на реномираниот македонски режисер Александар Ивановски.

Претставата ќе биде изведена во вечерва со почеток во 20 часот, на големата сцена на велешкиот театар, а публиката ќе има можност да ужива во едно современо, сензитивно и длабоко психолошко читање на едно од најзначајните дела на светската драматургија.

„Галеб“ е драма за уметноста, љубовта, амбицијата и трагичната потрага по смислата на животот. Во оваа поставка, Ивановски создава интензивна и визуелно суптилна атмосфера во која актерите со исклучителна посветеност го доловуваат внатрешниот свет на ликовите, нивните немири и копнежи.

Претставата ќе донесе ново театарско доживување на класичниот текст, актуелизирајќи ги темите кои и денес длабоко нè засегаат: несфатената уметност, личниот неуспех, изгубената љубов и вечната борба меѓу генерации и вредности.

Во претставата настапуваат:
СЛАВИЦА МАНАСКОВА – Ирина Николаевна

ФИЛИП ХРИСТОВСКИ – Константин Гаврилович Трепљов

БЛАГОЈЧО СТОЈАНОВ – Петар Николаевич Сорин

САНДРА ТАНЧЕВА – Нина Михајловна Заречнаиља

КИРЕ АЦЕВСКИ – Афанасјевич Шамраев

СИМОНА ДИМКОВСКА – Полина Андреевна

ЈАНКА ЛЕФКОВА – Маша

ИСИДОР ЈОВАНОСКИ – Борис Алексеевич Тригорин

ЈОРДАН ВИТАНОВ – Евгениј Алексеевич Дорн

ФАИК МЕФАИЛОСКИ – Семјон Семјонович Медведенко

Режија: Александар Ивановски

Драматург: Катерина Момева

Асистент на режија: Бојана Василковска

Сценограф: Филип Коруновски

Костимограф : Сара Милевска

To top