Култура Турски Театар

Почина актерот Мустафа Јашар

Почина актерот Мустафа Јашар

Денеска почина доајенот на НУ Турски Театар, Мустафа Јашар, чинарот на нашиот театар и нашиот сакан и вреднуван колега, објавија од театарот.

Роден е на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работи како актер во НУ Турскиот Театар Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во турскиот театар.

Претставите како ,,Алиш” 1974, ,,Дервиш и смрт” 1976, ,,Лудата Емине “ 1984, ,,Јунус Емре” 1991, ,,Хамлет” 1995, ,,Азизнаме” 2005 , ,,Куќа на граница” се само неколку од неговите познати изиграни претстави.

Дел од неговите награди се :

Награда за најдобра машка улога „Стоби“,награда за најдобар актер „Војдан Чернодрински“, награда за најдобар актер на годината „Кутлук Вели“ и многу други.

To top