Култура Најава

„Парусион“ вечерва на Скопско лето

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

„Парусион“ вечерва на Скопско лето

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва – 30.07.2024г. (вторник), со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи концерт на групата „Парусион“.

Михаил Парушев – тапани
Петар Христов – кларинет и саксофон
Ѓоко Грујовски – гитара
Јован Цветковиќ – пијано
Дионис Стратров – бас гитара

„Парусион“ груп ансамбл е оформен 2003 година во Скопје. Истиот е предводен од Михаил Мишко Парушев – композитор и свири на ударни инструменти. Роден е во Скопје во 1976 година, во семејство на музичари. Веќе на четиригодишна возраст покажува интерес за ударни инструменти. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Михаил Парушев дипломирал на ФМУ Скопје. Член е на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и Сол“. Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Почнувајќи од 1989 година па се досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Парушев е автор на солистички албум „Агол“ издаден 2022 година. По 20 години концертна соработка со музичарите од ансамблот, создаваат композиции во ставови, од акустична доелектрична продукција, полиритмија и модерна музика. Во соработка со Зоран Костадиновски, експериментираат со звук на сцена. Парушев е во подготовка на нов авторски материјал и обработки на традиционални македонски песни.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Најнови вести од Култура

To top