Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година кој ќе биде отворен од 1 до 30 јуни годинава, информира денеска Министерството за култура.
Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Целиот конкурс и пријавата се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на следнава врска: Конкурс за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2024 година.