Култура ФРУ

Нов мурал во Скопје, почнува 19. АКТО Фестивал за современи уметности

Првиот мурал, кој е веќе завршен, се наоѓа во Скопје на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Муралот денеска ќе биде промовиран, а на него работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.

Нов мурал во Скопје, почнува 19. АКТО Фестивал за современи уметности

Почнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, кој ќе се одвива во текот на целата година во организација на здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ. Ќе бидат промовирани повеќе мурали на кои работат тројца млади уметници, а е предвидено да се изработат низ различни градови во државата, опфаќајќи тематики во духот на солидарноста на заедницата.

Првиот мурал, кој е веќе завршен, се наоѓа во Скопје на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Муралот денеска ќе биде промовиран, а на него работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.

Како што информира Здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ, на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од пред околу 30 години беше ставен голем рекламен материјал, кој заедно со фасадата веќе одамна беа во разрушена состојба.

– Идејата зад овој мурал не беше само да се обнови фасадата на зградата, ниту пак во фокусот беше да се претстави само визуелно решение, туку да се создаде потсетник за важноста на солидарноста во општеството. Играта со архитектурата е замислена да оствари директна комуникација со самите случајни минувачи во секојдневието – тие коишто се упатени кон (или пак заминуваат од) работа, училиште, факултет, пазарување, прошетки. Mинувачи пронајдени во самиот визуелен изглед на муралот што ја носи главната порака која гласи: „Големината на заедницата најпрецизно се мери преку солидарните постапки на нејзините членови“, се вели во соопштението.

Наведуваат дека оваа порака е од Корета Скот Кинг (авторка, активистка и лидерка на граѓански права) и се упатува кон многуте заедници кои го оформуваат разновидниот карактер на општеството.

Според нив, неслучајно оваа мисла е носечката порака на првиот мурал, таа служи како потсетник дека токму членовите се одговорни за градењето на меѓусебно разбирање, толеранција и заеднички борби за создавање подобри и поздрави услови на живеење.

Новото 19-то издание на АКТО, како што соопшти организаторот, продолжува на линија на минатогодишното издание на АКТО 18 „Јавни простори во движење (кон) II“. Во рамки на фестивалот се предвидуваат повеќе настани во земјава и во странство.

Најнови вести од Култура

To top