Култура Фестивал на европски филм

На „CINEDAYS“ вечерва ќе бидат прикажани шест филмови

Во кино Фросина од 21:30 часот ќе биде прикажан филмот „Not-being“ Omnibus кој е инспириран од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор.

На „CINEDAYS“ вечерва ќе бидат прикажани шест филмови

На вечерашниот четврт ден од 23. CINEDAYS Фестивал на европски филм на локациите МКЦ Парк, Кино Фросина и Кинотека ќе бидат прикажани проекции на шест филмови.

Со почеток од 20:30 часот во МКЦ Парк ќе се прикаже филмот „Dormitory режија“ во режија на Нехир Туна (SEE). Дебито на турскиот режисер покажува две страни на лошото образование.

Во Кинотека од 20 часот ќе се прикаже филмот „Kozara“ – 124’ во режија на Вељко Булајиќ, a од 19:30 часот во кино Фросина филмот „Caught by the Tides“ од режисерот Zhangke Jie.

Во кино Фросина од 21:30 часот ќе биде прикажан филмот „Not-being“ Omnibus кој е инспириран од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор.

Од 21:30 часот во кино „Фросина“ ќе има проекција и на филмот „Schirkoa: In Lies we trust“ во режија на Ишан Шукла, а во истиот термин во Кинотека од 21:30 часот ќе биде прикажан филмот „A nice jewish boy“ во режија на Ное Дебре.

Билетите за сите филмови што се прикажуваат на „CINEDAYS“ ќе бидат по цена од 250 денари.

Најнови вести од Култура

To top