Култура НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Мултимедијалната читалница во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје

Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски фигури за македонскиот јазик, бидејќи годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Мултимедијалната читалница во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје

Отворањето на Мултимедијалната читалница и промоцијата на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“ ќе се одржи утре (вторник/18 ноември 2025 год.) во 12:30 часот во новиот дел на Библиотеката.

Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски фигури за македонскиот јазик, бидејќи годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Во првиот дел на настанот е предвидено да имаат поздравни обраќања министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот Јовица Никчевски, кој ќе се зборува за новата мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ што е модерно уредена на две нивоа и располага со најсовремена опрема и инвентар, како и со онлајн пристап до бази на податоци со електронски книги и научни и стручни списанија.

Во вториот дел на настанот, пак, програмскиот директор Јовица Тасевски-Етернијан ќе го претстави проектот за издавање на фототипни изданија на значајни публикации од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“ поврзани со македонскиот јазик, а од името на авторките на предговорите во публикациите ќе се обрати и истовремено ќе ги промовира изданијата д-р Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Советот за македонски јазик.

Најнови вести од Култура

To top