Меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа“ во копродукција на организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ од Скопје, а во која учествува Доротеј Нешовски и е кокурирана од Ивана Васева, ќе биде отворено денеска во 17 часот во галеријата Лајхтерув дум во Прага, Чешка.
Станува збор за изложба во која учествуваат десетина уметници од Република Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија, а беше отворена минатата година во Националната галерија на Република Македонија – Мала станица во рамки на фестивалот АКТО 19.
Во изложбата учествуваат Селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс а е кокурирана и копродуцирана заедно со кураторскиот колектив на здружението „Јиндрих Халупецки“ од Прага.
Во рамки на отворањето ќе биде промовирана и публикацијата „Прекарно за почетници. Уметноста, работата и како да се делува за подобри услови“, коуредена од Виолета Качакова и Ивана Васева.
Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор.