Култура

„Лилјакот“ од Јохан Штраус II – виенскиот шарм на сцената на НОБ

„Лилјакот“ од Јохан Штраус II – виенскиот шарм на сцената на НОБ

Во празничниот декемвриски репертоар, во Националната опера и балет вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде изведена оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II.

Диригент на изведбата е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров.

Во солистичката екипа на настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимаглоски (23.12.), Благој Нацоски (26.12.), Биљана Јосифов, Нада Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Христијан Антовски, Марјан Николовски, Александра Лазаровска Василевски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на НОБ.

„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Поврзани теми

To top