Култура Салон 19,19

Концерт „Танго приказна“ утре во Скопје

На програмата се танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори.

Концерт „Танго приказна“ утре во Скопје

Концерт со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се оддржи на 14 мај (вторник) во 20:30 часот во Салон 19,19 – во Културно информативниот центар во Скопје.

На концертот љубителите на извонредната уметност, музика и танц ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав „Агогик “ и сценски настап на танцова двојка од „Центар 213“.

На програмата се танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори.

Камерниот состав „Агогик“ во состав Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина повеќе од 15 години ја носат магијата на танго музиката кај нас. Досега настапиле на речиси сите македонски сцени и познати манифестации како Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Топол културен бран, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Србија и Грција.

На концертот публиката ќе може да ужива во сценскиот настап на танго двојка во состав Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213“ кои досега настапиле на повеќе домашни и странски сцени во Словенија ,Хрватска, Босна и други танго сцени.

Билетите за концертот се достапни на следниот линк: https://mktickets.mk/event/tango-prikazna/

To top