Култура фејсбук статус

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: „Интердисциплинираните“ и „креативните“чекмеџиња на министерството за култура

Наспроти бурните и аргументирани реакции на целокупната културна јавност стои заслепеноста на министерката за култура со сјајот на сопствените „културни“ визии, видливи само на нејзините „експертски“ комисии, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: „Интердисциплинираните“ и „креативните“чекмеџиња на министерството за култура

Наспроти бурните и аргументирани реакции на целокупната културна јавност стои заслепеноста на министерката за култура со сјајот на сопствените „културни“ визии, видливи само на нејзините „експертски“ комисии, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме нивниот Фејсбук статус:

Очигледно е дека културата е под репресивните орудија на државата, а финансирањето на културата и доделувањето на средствата се врши според партиски врски и роднинско-пријателски партнерства и дилови.

Во оваа годишна програма за „интердициплинарни проекти” доделени се 20.500.004 денари. Поддржани се вкупно со 94 проекти, од кои 80 проекти се на правни лица со 18.950.005 денари и 14 проекти се на физички лица, со 1.549.999 денари.
Ова се реалните, нумерички, економски факти. Но зад оваа бирократска, еднозначна слика се кријат бројни нелогичности.

Повторно во конкурсните резултати на „интердисциплинарните проекти“ се провлекуваат проекти од филмската дејност кои се надвор од надлежностите на Министерството за култура. Обврската за финансирање на ваквите проекти е на Агенцијата за филм. Како Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ не треба да премолчиме дека на овој начин ширум се отвора портата за двојно финансирање. Многупати досега предупредувавме за ваквата можност за злоупотреба на државниот буџет, но очигледно некои добро разработени конекцци добро ги полнат „чекмеџињата“, па сега тие тешко се затвораат.

И кога ќе се направи една посериозна анализа кои проекти се китат со епитетот „интердисциплинарни“ не треба многу размислување за да се сфати дека овој термин вешто е искористен за да се замати вистинскиот уметнички и културен формат и контекст. Тука може да влезе сѐ доколку „стручната“ комисија така одлучи. Јавноста не ни треба да се буни и да критикува, затоа што „стручноста“ на комисијата и „интердисциплинарноста“ на проектот се неоспорливи факти, потврдени од највисоко, од министерката.

„Креативните индустрии“ за министерката се новост. Но тоа не е точно, бидејќи и претходната власт водеше конзистентна политика на нивен постепен развој. Тука, оваа година, поддржани се 15 проекти и доделени се 4.596.159 денари. Но ако се погледнат повнимателно насловите наведени во конкурсните резултати ќе се воочи, посебно кај проектите на физички лица, дека се актуелизираат активности кои ќе се реализираат од страна на самото Министерство бидејќи тие се негова законска надлежност.

„Креативните индустрии“ своето финансиско значење го потврдуваат со податокот дека учествуваат со 6-7% во економиите во светски рамки. И сега, мотивирани од овој факт, прашуваме – Што прави Министерството за култура со „креативните индустрии“? Додека го чекаме одговор, можеме да констатираме дека Министерството за култура прави само празни студии и „истражувања“ и ги внесува „креативните индустрии“ во некаква грант линија за која нема никакви информации, ниту за корисници, ниту за средства. И тоа е сѐ. Очигледно, до тука им е креативноста.

Немањето национална, културна визија е главната одлика на оваа власт. Свесни се и самите за тоа. Можеби токму болната свесност ги поттикнува до крај да го развијат своето „пазарџиско“ разбирање за распределбата на државните средства. Им се извинуваме на чесните и вредни пазарџии!

Централна комисија за култура ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од Култура

To top