Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев.
Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.
Комеморацијата ќе се одржи на:
• Дата: Вторник, 16.12.2025 година
• Време: 09:30 часот
• Место: Просториите на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“
На комеморативната седница, сите соработници, пријатели, колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во „Танец“.
-Да оддадете последна почит на ликот и делото на Симеон Чулев. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од 11:30 до 12:30 часот, погребот ќе се оддржи на гробиштата Камник-населба Ченто, соопшти Н.У Ансамбл „Танец“.