Култура Домот на култура „Кочо Рацинˮ

Книжевна манифестација „Денови“ и промоција на стихозбирката „Исихија“ на Цветанка Невчева

Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката ,,Исихијаˮ до читателите гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!, се вели во соопштението на авторката Цветанка Невчева.

Книжевна манифестација „Денови“ и промоција на стихозбирката „Исихија“ на Цветанка Невчева

Во Домот на култура „Кочо Рацинˮ во Скопје вечер ќе се одржи книжевна манифестација „Денови“, во чии рамки ќе биде промовирана стохозбираката „Исихија“ на авторката Цветанка Невчева. Таа е добитник на наградата „Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години.

Оваа награда ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацинˮ и истата е дел од едицијата „Бели мугриˮ 2024. Манифестацијата “Денови“ ја организира установата во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

-Пред 85 години од печат излезе стихозбирката „Бели мугриˮ од Кочо Рацин. По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката „Бели мугриˮ. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата „Деновиˮ од страна на актерите Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска. Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката ,,Исихијаˮ до читателите гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!, се вели во соопштението на авторката Цветанка Невчева.

Најнови вести од Култура

To top