Култура Од 20 часот

„Кавалерија рустикана“ во Националната опера и балет

Националната опера и балет во најавата посочува дека „Кавалерија рустикана“ е „трагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата“.

„Кавалерија рустикана“ во Националната опера и балет

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена оперската претстава „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, под диригентство на Иван Еминовиќ и во режија на Џандоменико Вакари од Италија.

Настапуваат: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Марјан Јованоски како Алфио, Марија Наумовска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.

Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Националната опера и балет во најавата посочува дека „Кавалерија рустикана“ е „трагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата“.

-„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. Оваа опера е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа, соопшти НОБ.

Најнови вести од Култура

To top