Култура НУ Музеј на македонската борба за самостојност

Изложбата „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба

НУ Музеј на македонската борба за самостојност, во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот – с. Џепчиште, ја поставува изложбата „Рацете на традицијата“ – посветена на традиционалните занаети, нивниот пат од минатото кон современоста, таму каде што наследството се претвора во живо дело. Свеченото отворање е на 01.12.2025 година (понеделник) во 19:00 часот.

Изложбата ги поканува посетителите да ги откријат приказните зад секој рачно изработен предмет, да ги запознаат мајсторите занаетчии и да почувствуваат како преку нивните раце традицијата добива нов живот, како поддршка за луѓето кои со љубов, трпение и вештина ја чуваат нашата културна меморија и ја пренесуваат на идните генерации.

На отворањето ќе се обратат в.д.директорката Анче Илиевска, авторот Елизабета Марковска, како и колекционерот Симеон Златев.

Изложбата ќе биде поставена во холот на музејот од 01.12.2025 до 15.12.2025 г.

To top