Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на слики „Симбиоза“ од ументикот Роберт Цветковски.
Цветковски е роден во Куманово во 1965 година, а дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на насоката ликовна уметност.
Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот меѓу уметникот и местото.
Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите. Има 37 самостојни изложби и над 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.
Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија; и има постојани колекции во Центарот за современа уметност во Подгорица во Црна Гора, во Градскиот музеј на Скопје и во Академијата УККСА во Турција.