Во Францускиот институт во Скопје денеска ќе се одржи видео-перформанс и изложба насловена „Кога ги следевме сенките“, чија авторка е Наташа Неделкова, а куратор Мелоди Робин.
Како што соопштуваат од Францускиот институт, изложбата претставува уникатна можност да се запознаете со делата на уметницата Неделкова, која преку мултимедијална инсталација нуди критичка перспектива на односот помеѓу еколошкото загадување и медиумската заситеност.
На изложбата ќе биде претставена мултимедијална инсталација која комбинира скулптура и уметнички филм, откривајќи како овие динамики ги обликуваат современите политички наративи.