Култура

Ивана Тасевска победник на конкурсот за студентски есеј „Блаже Конески“

Ивана Тасевска ја освои првата награда на конкурсот за најдобар студентски есеј „Блаже Конески“, што се одржа во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Нејзиниот есеј „Блаже Конески во дигиталната ера, можности и предизвици“ беше оценет како најуспешен меѓу петте пристигнати трудови.

На второ место се пласираше Дарија Јованоска со есејот „Понекогаш руините и по својата убавина нѐ импресионираат повеќе од зачуваните градби“, додека, третото место му припадна на Иво Донев за трудот „Блаже Конески, македонските јазични работи денес“.

Пофалница доби Ангела Танеска за есејот „Есеј за есеите на Конески“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

По доделувањето на наградите, манифестацијата продолжи со промоција на новите изданија на Факултетот. Беа претставени списанието „Современа филологија“ (Том 8, бр. 1, 2025), монографијата „Книжевни преведувачи од Филолошкиот факултет“, Зборникот во чест на деведесетгодишнината од раѓањето на проф. д-р Волфганг Моч, изданието „Француско-македонски јазични паралели“ од проф. д-р Маргарита Велевска и проф. д-р Мира Трајкова, монографијата „Турската кинематографија – Историја, развој и влијание“ од проф. д-р Октај Ахмед и проф. д-р Осман Емин, како и „Циклусот за светулките“ на Матеја Матевски.

На свеченост во Скопје, вчера се одбележаа 105 години Филозофски факултет.

To top