Култура

Гран при на ,,Астерфест” за филмот ,,Љубовни маки” од Данска

Во Амфитеатарот астерфестовската публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ во чест на лауреатот Антонио Митрикески.

Гран при на ,,Астерфест” за филмот ,,Љубовни маки” од Данска

Гран при за најдобар краток филм на 19. „Астерфест” го доби филмот „Љубовни маки” на Александер Саул, ММ продукции од Данска. Оваа одлука ја донесоа членовите на фестивалското жири во состав Зејгам Азизов од Велика Британија, Ганимет Сава од Косово и Никола Пијанманов од Македонија.

Жирито „Златната потковица“ ја додели на краткиот анимиран филм „Гилгамеш“ на Шаќир Весели (Албанија). „Сребрената потковица“ ја доби краткиот игран филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова (Македонија), а Бронзената потковица за „Фортисимо“ на Виктор Цеска (Франција). Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби Небојша Слијепчевиќ за краткиот игран филм „Човекот кој не можеше да молчи” (Хрватска), а наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“ ја доби краткиот анимиран филм „Споменик“ на Сиџјиа Џенг и Џјашји Ву (САД). Специјални признанија од жирито добија и краткиот документарен филм „За живеењето“ на Сезер Салихи (Македонија) и краткиот анимиран филм „Мигови“ на Катја Фридрих (Германија).

Вечерва во 20:30 часот во Амфитеатарот астерфестовската публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ во чест на лауреатот Антонио Митрикески, како и кратките филмови „Со кренати раце“ на Митко Панов и „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски.

Утревечер на последната фестивалска вечер, ќе бидат прикажани наградените кратки филмови, како и култниот филм „Црно семе“, во знак на пет годишнината од смртта на Кирил Ценевски.

To top