Култура Од установата повикаа да се резервира билет навреме

„Дон Џовани“ се враќа на сцената во Националната опера и балет

Оваа опера не е само музичка класика, туку интелигентна, драматична и длабоко човечка приказна за изборот, моќта и последиците. Опера што истовремено фасцинира, вознемирува и инспирира, без да нуди лесни одговори, наведоа во соопштението од НОБ.

„Дон Џовани“ се враќа на сцената во Националната опера и балет

По подолга пауза, едно од најзначајните дела на Моцарт, ќе се изведе на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ) – на 7 февруари со почеток во 19:30 часот, соопштија денеска од установата.

-Постојат оперски наслови што се дел од репертоарот. И постојат дела што го дефинираат самиот поим опера. „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт припаѓа токму во втората група. Оваа опера не е само музичка класика, туку интелигентна, драматична и длабоко човечка приказна за изборот, моќта и последиците. Опера што истовремено фасцинира, вознемирува и инспирира, без да нуди лесни одговори, наведоа во соопштението од НОБ.

Од установата повикаа да се резервира билет навреме преку интернет или на билетарница.

Најнови вести од Култура

To top