Култура НУ Театар Комедија Скопје

Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто поголем од лани

Првата премиера годинава ќе биде на 27 март, на Светскиот ден на театарот, а тоа е „Кој сум јас“, во режија на Наташа Поплавска.

Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто поголем од лани

Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува Театар Комедија за годинава.

Втор пат овој театар доби делегиран буџет од Министерството за култура и туризам, пракса што започна од минатата година во неколку институции од културата.

Театар Комедија доби 5 милиони денари за проекти, што е за 94.83 отсто повеќе од минатата година.

По претходна согласност на Управниот одбор, Театар Комедија даде согласност финансиските средства да бидат распоредени во следниве пет проекти:
– „Кој сум јас?”, од Митко Чешларов, во режија на Наташа Поплавска (1.500.000 денари);
– „Избраниот”, од Ева Камчевска, во режија на Јане Спасиќ (1.500.000);
– „Боеми”, според Петре М. Андреевски, во режија на Андреј Цветановски, (500.000 денари);
– „Еуродрам 2026“, (1.200.000 денари)
– Театарска работилница – Мартин Кушеј (300.000 денари)

За меѓународна соработка, за 2026 година е обезбеден буџет од од 650.000,00 денари. Екипата на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд” ќе гостува на фестивал во Радом, Република Полска.

За одржување на објектите и опремата, за 2026 година е обезбеден буџет од Министерството за култура и туризам од 100.000,00 денари, по претходна согласност од Управниот одбор, даде согласност финансиските средства да бидат распределени за купување опрема.

Од Театар Комедија велат дека доколку дозволат условите, ќе се создадат и неколку претстави од сопствени средства.

Првата премиера годинава ќе биде на 27 март, на Светскиот ден на театарот, а тоа е „Кој сум јас“, во режија на Наташа Поплавска.

Најнови вести од Култура

Теми на денот

To top