Во рамките на програмата за одбележување на осумдесет годишнината од Денот на ослободувањето на градот Битола 4 Ноември во тек е Четвртото издание на Фестивалот за Малата школа за краток филм „Petite École du film court“, кој се одржува од 28 октомври до 01 ноември 2024 година.
Организатор на фестивалот е здружението AYE AYE VO/FIF Nancy претставено во Битола од Тони и Бландин Гламчевски како носители на проектот поддржан Општина Битола, Францускиот Институт и Француската алијанса.
Ова здружение го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси на кој се прикажани скоро сите македонски најнови филмски остварувања во последните десетина години. Акцијата во Битола се потпира и на несебичното ангажирање на Вера Соклевска, која беше и иницијаторот на доаѓањето на фестивалот во Битола и особено при почетоците на фестивалот во нејзиното одделение во училиштето во С. Гермијан.
Истовремено со фестивалот се спроведува и кинематографска и едукативна работа, која засега во Битола е само за време на фестивалот, додека во Франција во текот на целата година.
Се работи со кратки филмови, односно филмска писменост со млади луѓе и со поширока публика. Во Македонија воспоставената соработка со Центарот за култура во Битола и здружението AYE AYE VO/FIF Nancy трае веќе 5 години, бидејќи едно издание од фестивалот на Малата школа за краток филм беше откажано поради пандемијата со ковидот, а двете структури соработуваат и при организирањето на Меѓународниот етнографски филмски фестивал Илинденски денови – Битола. Искуството на екипата од Нанси, која веќе 20 години организира фестивал за училишта (од градинка до деветто одделение), Фестивал на школски филм за краток филм, кој годинава треба да пречека повеќе од илјада деца во Нанси и 242 деца во Везелизе.
-Фестивалот почна со проекции во училиштето Славко Лумбарковски во Новаци. Без црвени килими, пред Центарот за култура, но со бројна млада школска публика, понудена е специјална програма на кратки филмови наменети за децата во четири различни возрасти од 5-7 годи, од 7-9 години, од 9-12 години и од 12 до 15 години. Организаторите организираа и работилница со наставниците од битолските училишта на која беа запознати со начинот на работата на воспитните ателјеа наменети за децата за воспитување преку краток филм, соопштуваат организаторите.
Тие додаваат дека овој настан е наменет за најмладите, но и за тинејџерите (до деветто одделение) со програми прилагодени на возраста на публиката – сесии за прикажување кратки филмови, проследени со дебати, филмови разновидни. во форма и содржина, од различно географско потекло и долгорочни сесии, исто така прилагодени на возраста на публиката.
Целта, според организаторите, е да се запознаат децата со светот на кинематографијата од друг агол од оној на платформите, социјалните мрежи и телевизијата и да им се помогне да го развијат своето критичко размислување, да направат чекор назад од сликата генерално кажано. Тимот на фестивалот ги придружува овие филмови, децата всушност се охрабруваат да разговараат на крајот од проекциите. Овие размени ги поттикнуваат луѓето да зборуваат, да ги слушаат другите, да даваат свои мислења, да ги споделат своите чувства и емоции.
Прикажаните филмови се внимателно избрани од членовите на програмскиот тим на Здружението од кратките филмови кои аплицираат за Меѓународниот филмски фестивал во Нанси. Има 4 програми и за прв пат децата од Македонија ќе гласаат за победниците на филмовите во четирите категории заедно со нивните врсници од Франција. Во зависност од односната возрасна група, кинематографските дела се меѓународни, емитувани на оригиналниот јазик и титлувани на француски за проекции во Франција, титлови на македонски за проекциите во Македонија.
Програмите наменети за македонската јавност се заеднички за програмите што се емитуваат во Франција (Нанси и Везелиз). Важно е да се нагласи дека сите размени со публикаа се одржуваат на француски – преведени на македонски јазик, како стимулација за изучување на Францускиот јазик меѓу младите, а досегашните повратните информации од наставниците и децата се многу позитивни.
Сите проекции на фестивалот за краток филм Мала Школа за краток филм се бесплатни во Македонија, а неговото одржување беше поддржано од општина Битола и Францускиот институт од Скопје.