Култура трагите кои се длабоки-никогаш не згаснуваат

„Чекори што не згаснуваат“: Концерт во чест на Симеон Чулев

Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише.

„Чекори што не згаснуваат“: Концерт во чест на Симеон Чулев

Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената, велат од Танец.

Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише.

Ве покануваме на една незаборавна вечер посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон Чулев. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, овој настан ќе не поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности кои тој ги остави зад себе, се наведува во поканата од Танец.

• Датум: 27 февруари 2026 година (петок)

• Час: 19:30 часот

• Локација: Македонски народен театар  (МНТ)

Информации за продажба на билети:

• Билетара на МНТ: Секој работен ден и пред почетокот на настанот.

• Онлајн продажба: Преку официјалниот систем на влезници на МНТ ( mnt.mk )

„Уметноста не познава време, а трагите кои се длабоки-никогаш не згаснуваат“.

Најнови вести од Култура

To top