Култура Промоција

Авторот на книгата „Дневникот на Еден Морепловец“: Поддржете ги македонските автори

Мојата порака е поддржете не, нашите книги можеби не се напишани на изолирани плажи, во планински куќарки, но произлегуваат од вистината и животот, изјави авторот Симовски.

Авторот на книгата „Дневникот на Еден Морепловец“: Поддржете ги македонските автори

Поранешен вработен на брод за крстарење и автор на книгата „Дневникот на Еден Морепловец“, која е издадена под псевдоним Теодор Кузман, а ја напишал за време на мојот прв 8-месечен работен договор на брод, вели авторот Златко Симовски.

Неодамна, обидувајќи се да договорам продажба и промоција на мојата книга во локална книжарница во Битола, ми кажаа дека престанале да продаваат македонски автори па немало смисла да прават промоција на книги од истите. Бев свесен дека сум влегол во погрешна книжарница и дека повеќето би одговориле позитивно на моето барање, но, изненаден од грубиот однос на сопственикот (и од потреба да излезам од матрицата), се одлучив да направам малку поинаква промоција чија главна цел ќе биде подигнување на свеста за проблемите со кои се соочуваат македонските автори, и продолжив до соседниот ‘Бутик за Алкохол Гермит’ чии сопственици беа поотворени за соработка. Македонска надреална ситуација во вистинска смисла на зборот, нагласи Симовски.

Facebook / Zlatko Simovski (Zlatko Simovski)

-Мојата порака до читателите, продавачите на книги и издавачките куќи гласи: Поддржете ги македонските автори. Нивните книги можеби не се напишани на изолирани плажи и во планински куќарки, и зад нив не стои огромна маркетиншка машинерија, но произлегуваат од вистината и животот, изјави авторот Симовски.

Facebook / Zlatko Simovski (Zlatko Simovski)

Веста за промоцијата е пренесена од локален портал каде предизвика интерес, но би сакал оваа моја порака да допре до што повеќе читатели, книжарници и издавачки куќи, додава автор на книгата „Дневникот на Еден Морепловец“, Златко Симовски.

Facebook / Zlatko Simovski (Zlatko Simovski)

Најнови вести од Култура

To top